Јотова ќе открие научен форум посветен на јубилеите на христијанизацијата на бугарскиот народ и глаголицата
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска со почеток од 10:00 часот, во салата „Проф. Марин Дринов“ на Бугарската академија на науките, ќе открие научен форум посветен на три значајни јубилеи: 1160 години од покрстувањето на бугарскиот народ, 1170 години од создавањето на глаголицата и 1140 години од упокојувањето на свети Методиј, јавува БГНЕС.
Настанот се организира од Меѓународната фондација „Св. Св. Кирил и Методиј“, Бугарската патријаршија, БАН, Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Советот на ректорите на високообразовните институции во Бугарија.
Форумот е дел од поширока серија настани посветени на историските годишнини кои се од особено значење за бугарската и словенската духовна традиција. Потпретседателката Јотова е патрон на одбележувањето на 1170 години од создавањето на глаголицата – првата словенска азбука, дело на светите браќа Кирил и Методиј.

