57 научници поврзани со БАН меѓу најдобрите 2% во светот
Во најновото светско рангирање на научници според целокупниот кариерен развој – познато како Станфордска листа – вкупно 57 научници поврзани со Бугарската академија на науките (БАН) се најдоа меѓу најдобрите два процента на научници во светот, јавува БНР.
Дваесет од нив се академици и член-кореспонденти на БАН, а останатите се професори кои работат во институтите на Академијата.
Според податоците, оваа година во Станфордската класификација се вклучени имињата на 91 истражувач од Бугарија.
Од БАН потсетуваат дека листата се подготвува секоја година и го одразува влијанието кое секој поединечен истражувач го има врз развојот на науката.

