Проданоски: Приоритет ни е инфраструктурата во Прилеп, имаме програма која ќе им овозможи подобар живот на прилепчани

Во Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, симболично беше означен почетокот на изборната кампања на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Продановски. Со јасна визија за развој на градот и со силна поддршка од Владата предводена од Христијан Мицкоски, Продановски пред прилепската јавност ја претстави својата посветеност за достоинствено и чесно водење на општината, со акцент на подобра инфраструктура, квалитетни училишта, современи здравствени установи и повисок стандард за секој граѓанин.

„Ми претставува особена чест и задоволство денеска да ја започнеме кампањата, од ова култно место во Прилеп, од плоштадот Методија Андонов Ченто, којшто е лик којшто претставува почеток на оваа држава. Така симболично од овде почнуваме со секоја кампања од ова место, како што реков култно во градов.

Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил. Ова ќе бидат избори коишто ќе значат секојдневие на секој еден прилепчанец, ова ќе бидат избори коишто ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани.

Овие се избори коишто ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека имаме одличен тим, сигурност дека имаме уште подобра програма, и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата на Република Македонија, предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

Особено ми е чест, што денес на овој почеток на кампањата го имаме за наш гостин вицепремиерот и министер за транспорт и врски којшто не е случајно тука. Инфраструктурата е еден од нашите основни приоритети коишто ги имаме во Прилеп.

Слушнавте и од неговата изјава, дека клучно е она што ќе го прави Владата. Автопатот кон Битола, завршување на експресниот пат кон Скопје, но тоа е само ден чекор. Ние ветуваме програма со којашто прилепчани ќе добијат подобар живот.

Стојам овде пред вас и давам збор дека ќе имате градоначалник којшто е достоинствен, чесен, којшто работи и слуша за секој еден граѓанин.

Јас сум вашиот човек. Јас сум човек од Прилеп и човек за Прилеп.

Барам од вас поддршка, заедно да ја започнеме оваа кампања и да ја изводиме напред затоа што вистинскиот избор е овој и тоа е патот за иднината на нашите деца“, изјави Проданоски.

Слични Објави