| |

Градоначалниче, културата на една нација не се промовира со странски пејачи

Тони Коцев

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов за локални медиуми ќе изјави : “ Целта на ваквите манифестации , освен ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРА и е развој на локалниот бизнис “ !?

Прашање до градоначалникот :

– Дали културен развој значи ангажирање на Дино Мерлин и каква допирна точка има пејачот со автохтоната македонска културна традиција ? Тоа не е промоција на македонска култура , туку забавен спектакл за една вечер со полни џебови за пејачот и празна македонска културна сцена .

Ако сакал Јорданов развој на културата требало да ангажира македонски пејачи , уметници , забавувачи . Каква врска има Дино Мерлин со културното наследство на Штип и Македонија – југословенско !? Како преставник на ВМРО би требало да знае дека , ВМРО се борело за самостојна и независна Македонија , а не за “ … со право да влезе во идниот сојуз на суверени држави на Југославија “.

Градоначалниче , културата на една нација не се ПРОМОВИРА со странски пејачи , со вложувањето во сопствената културата , државата или општината прави долгорочна инвестиција – ако сега и денес се финансира македонското , по природен пат , југословенското или српското ќе исчезнат за новите генерации , а вие правите обратно – форсирате туѓи култури.

Слични Објави