|

Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври 2025 година

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на студентски стипендии добиени во изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување, дека рокот за аплицирање започнува на 1 октомври 2025 година и ќе трае до 30 октомври 2025 година.

Аплицирањето се врши преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што студентите треба да прикачат:

  • потврда за запишан нареден семестар или година на студирање,
  • уверение со положени испити издадено од факултетот,
  • уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години, заверено од факултетот,
  • индекс (од првиот запишан до последниот заверен семестар).

Со доставените документи студентите треба да докажат дека имаат положено најмалку 80% или 90% од предвидените испити (во зависност од видот на стипендија) и дека го одржале просечниот успех согласно договорот или решението за доделување на стипендијата.

За сите дополнителни информации или прашања студентите можат да се обратат на електронската адреса: [email protected].



Слични Објави