| |

Американска банка подготвена да ја финансира изградбата на 7. и 8. блок на АЕЦ „Козлодуј“

Американска банка е изразила подготвеност да ѝ обезбеди на Бугарија 8 милијарди долари за изградбата на 7. и 8. блок на АЕЦ „Козлодуј“. Информацијата вчера ја соопшти министерот за енергетика на Бугарија Жечо Станков, јавува БНР.

„Во текот на двата разговора со банката станаа јасни две работи – колку е значајно тоа што Бугарија од 1 јануари ќе се приклучи кон еврозоната, што ќе доведе до намалување на административните такси за разгледување на документите до четири пати. Од друга страна, политичкиот борд на банката изрази подготвеност да ни одобри 8 милијарди долари за проектот за новите блокови во Козлодуј“, изјави Станков.

Тој потсети дека оваа година, која е клучна за пристапувањето на земјата кон еврозоната, бугарската држава преку државниот буџет го зголеми капиталот на Бугарскиот енергетски холдинг за 1,5 милијарди евра, а дел од овие средства ќе бидат насочени кон зголемување на капиталот на АЕЦ „Козлодуј“ за новите капацитети.

Слични Објави