(Галерија/видео) На Архангелова задушница беше оддадена почит на бугарските војници, погребани на бугарските воени гробишта во Цапари, Битолско
На Архангелова задушница на бугарските воени гробишта во с. Цапари, Битолско, беше оддадена почит на 214 бугарски офицери и војници погребани таму.
За време на Првата светска војна селото Цапари се наоѓа на фронтовата линија и крај селото се погребани бугарските војници, загинати во одбрана на Червената стена (кота 1248). Во март 1917 година против бугарските дивизии започнува офанзива на петпати побројна војска на Антантата. Битката трае речиси два месеца и завршува со победа на бугарската армија, а борбата е наречена „Македонската Шипка“. Во 2004 година гробиштето станува првото официјално признато бугарско воено гробиште на територијата на Северна Македонија.
За да ја оддадат почитта на бугарските војници погребани во Цапари пристигнаа заменик-министерот за одбрана на Р. Бугарија, Радостин Илиев, заменик-началникот на ВВМУ „Никола Ј. Вапцаров“ кап. прв ранг Влчо Анастасов, началникот на одделот „Социјални инвестиции и военоисториско наследство“ полк. Невјана Митева-Матеева, амбасадорот на Р. Бугарија во Северна Македонија, Желјазко Радуков, дипломати од дипломатските мисии на Бугарија во Скопје и Битола, питомци од ВВМУ „Никола Ј. Вапцаров“, претставници на бугарските здруженија во Северна Македонија.
По традиција, се отслужи панихида за загинатите во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Цапари, а бугарската делегација положи цвеќе и на надгробните споменици на седум бугарски офицери, погребани во дворот на црквата.
Вчера бугарската делегација положи цвеќе на спомен-плочата на бугарските војници загинати во периодот 1914–1918 година на воените гробишта во Прилеп, каде што се погребани и австро-унгарски, германски, романски, руски, турски, српски и албански војници, на споменикот на 193 бугарски офицери и војници во реонот на с. Дреново, општина Кавадарци, и на споменикот на загинатите бугарски офицери и војници во дворот на црквата во с. Беранци, Битолско.













