Трамп не планира да испраќа ракети „Томахоук“ на Украина, но не ја исклучува можноста да ја промени својата позиција
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега не размислува за испорака на крстосувачки ракети „Томахоук“ на Украина, јавува БГНЕС.
Тој ја даде изјавата пред новинарите во својот авион, за време на летот од Флорида до Вашингтон. На прашањето дали администрацијата на Белата куќа ќе ѝ ги префрли овие ракети на Киев, Трамп одговори кратко: „Не“.
Новинарите потоа го прашаа дали размислува за ваков потег во иднина. „Не, всушност не“, рече Трамп, додавајќи дека неговата позиција би можела да се промени. „Но во моментот не го правам тоа“, заклучи американскиот претседател.
Претходно, Пентагон одобри можност за продажба на ракети „Томахоук“ на Украина
