|

(Фото) Георги Трајчев: „Спомени од Хуриетот“

“Битола имаше празничен изглед. Чаршијата беше затворена; куќите беа украсени со знамина и зеленило. Множеството се движеше кон местото на пречеквањето, каде се гледаа триумфални арки. Стигнавме на соборниот пункт и се прибравме на многу приватно место, наблизу до Бугарскиот трговски агент, Тодор Недков. Скоро околу нас се набра голема навалица на Бугари, кои не обсипаа со прашања, од каде и како се најдовме тука. Се израдваа и луѓето, кои стоеја начело на Организацијата за нашето навремено пристигање.

Уште истата вечер се собравме во куќата на Павел Христов на долга беседа. Таму беше и раководителот на Битолскиот окружен комитет Милан Матов. Не’ известија дека српските чети биле склони да го остават оружјето. Истото го направиле и албанските. Само грчките се воздржале. Недоверливо се однесувавме и ние Бугарите. Но, имајќи ги предвид околностите, дека Европа сочувствува на конституциониот режим во Турција; дека Бугарскиот народ би се компромитирал пред европскиот свет, ако не ја признае новата положба, а со тоа би ја изгубил симпатијата и поддржката на европската дипломатија – се дојде до согласност и ние да ја прекинеме борбата.

На 18-ти јули стана влегувањето на нашите чети во Битола. Согласно заповедта, уште пред 1-2 дена четите се собраа во зборниот пункт во с. Цапари. Четите на број од околу 300 души, тргнаа за градот, преводени од големо црно знаме, украсено со симболите на Организацијата: нож и револвер врз мртвечка глава, а на средината беше прикрепен портрет на Даме Груев. Стигнавме пред Сарајот, каде говореше Нијази бег, кој што тенденциозно спомна, дека четите се предават. Сетне говореше Милан Матов, кој кажа, дека Бугарските чети не идат да се предават, а слегват од гората, како победници на Султанскиот режим. Оттука процесијата се упати за военото училиште и заврши во дворот на Бугарската црква.

После два дена се вратив обратно во Прилеп. Не помалку свечено беа пречекани прилепските чети на следниот неделен ден. На определеното време биеја црковните камбани. Соборен пункт беше дворот на Бугарската црква. Целиот град беше на нозе. Множество Турци, мажи и жени, беа љубопитни да ги видат Бугарските комити. Четниците беа носени на раце. Во црквата се отслужи панихида. Настојателот на манастирот Св. Архангел даде богата вечера на комитетот и на младотурските гости.

Еднаш преустановена револуционерната дејност на Организацијата, требаше да се создадат институти легални, кои да го заменат револуционерното дело. За таа цел се извикаа „Конституциони клубови“. Клубовите имаа чисто национален карактер. Тоа беше така наречената „Бугарска политичка партија“. Првата нивна работа беше да се наредат и приготват полни списоци на Бугарското население, кои имаат право на глас по законодателните избори. По редица соображенија искрено ја прегрнавме, ние Бугарите, идејата на конституциониот режим и големи надежи полагавме на него, мислејќи, дека со него режимот ќе ја огрее слободата за која жеднеевме и ќе настапи правен ред и законитост во земјата. И тука останавме излагани и изиграни од младотурците. Изборите за „мебусот“ (камарата) станаа чисто и просто по турски. Определија во своите кандидатни листи по еден Бугарин кандидат за секој вилает – сите 4 души со Одринско.

Тие знаеја дека Прилеп е еден од првите градови во Македонија, со компактна бугарска маса (15000 Бугари и 8000 Мухамедани); знаеја дека и околијата е чисто Бугарска: од 136 села само 12 се турско-албански.“

СПОМЕНИ ОД ХУРИЕТОТ, Г. Трајчев од Прилеп

Слични Објави