| |

ГЕЈТС: КОГА ЌЕ ЈА ДОБИЕМЕ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ЌЕ ЈА ПРОШИРИМЕ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Вакцините се важни, изјави за Би-Би-Си американскиот милијардер Бил Гејтс .

Гејтс даде големо интервју за британската медиумска корпорација во пресрет на очекуваниот глобален форум посветен на истражувањето и развојот на вакцините и имунизацијата.

Светските лидери, големите меѓународни компании и поединци се очекува да соберат повеќе од 7,4 милијарди долари за оваа намена.

„Дезинформациите дека вакцините биле опасни за луѓето, дека биле дел од глобален заговор и др, претставуваат огромна опасност за борбата против многу болести, вклучително и СОВИД-19“, вели Гејтс.

„Еден ден, кога ќе добиеме вакцина против коронавирусот, ќе ја шириме ширум светот“, додава милијардерот.



Слични Објави