| |

Шведска ја пренасочува помошта за Србија поради корупција и непочитување на владеењето на правото

Шведска објави дека дел од финансиската поддршка за Србија ќе биде укината и пренасочена кон зајакнување на граѓанското општество, откако белградската влада не успеала да се справи со растечката корупција и со непочитувањето на владеењето на правото, јавува БГНЕС.

Одлуката доаѓа една година по трагедијата во Нови Сад, кога се урна покривот на железничката станица и загинаа 16 лица — настан што предизвика масовни студентски протести против корупцијата и лошото владеење. Протестите доведоа до оставка на премиерот и формирање нова влада, но претседателот Александар Вучиќ остана на власт.

Министерот за меѓународен развој на Шведска, Бенјамин Дуса, изјави дека земјите не можат да очекуваат шведска поддршка доколку не спроведат вистински реформи. Српското МНР со жалење ја прими одлуката, тврдејќи дека Србија постигнала „реален напредок“.

Европскиот парламент неодамна усвои резолуција со која го поддржа правото на Србите на мирен протест и ја осуди државната репресија. Шведска најави дека ќе продолжи внимателно да го следи развојот во Србија, особено во однос на борбата против корупцијата и почитувањето на слободата на медиумите.



Слични Објави