(Видео) По реставрацијата, синагогата Јанбол во Цариград повторно ги отвори своите врати за посетители
По долгогодишна реставрација, синагогата Јанбол во Цариград повторно ги отвори своите врати на 22 октомври оваа година. Храмот е изграден пред околу 570 години од Евреите кои пристигнале во Цариград од бугарскиот град Јамбол. Истиот претставува едно од најстарите сефардски светилишта во Истанбул.
На денот на повторното отворање беше одржан свечен говор од претседателот на управниот одбор на синагогата „Ахрида“, која се наоѓа во историскиот кварт Балат — истата населба каде што се наоѓа и бугарската железна црква „Свети Стефан“.

