| |

Бугарија е лидер на Балканот по стандардот на куповна моќ

Бугарија е лидер на Балканот според стандардот на куповна моќ (PPS), надминувајќи ja не само Романија, туку и Грција – членка на Европската унија уште од 1981 година, пренесува БГНЕС. Стандардот на куповна моќ претставува условна мерна единица што ја покажува реалната вредност на парите во различните земји.

Според најновите податоци, PPS во Бугарија изнесува 13 079 евра. За споредба, во Романија — земја која заедно со Бугарија влезе во ЕУ во 2007 година — овој индекс изнесува 13 023 евра. Грција располага со 12 436 евра, што ја позиционира зад Бугарија.

Балканските држави надвор од ЕУ се наоѓаат во долниот дел на листата. Турција, поради големината на својата економија, се доближува до 10 000 евра, додека Србија и Република Северна Македонија имаат 8971 и 7609 евра. Најнискиот стандард на куповна моќ на Балканот е забележан во Албанија – 5098 евра.

Бугарија не е само лидер во регионот. Таа го надминува и стандардот на куповна моќ на централноевропските Словачка и Унгарија, кои бележат 11 433 и 11 999 евра. Унгарија има најнизок PPS меѓу сите земји членки на Европската унија.

Разликата помеѓу највисоката и најниската куповна моќ во рамки на ЕУ — регистрирана меѓу Луксембург и Унгарија и изнесува 26 582 евра.



Слични Објави