УНГАРИЈА: 30 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗКАМАТЕН КРЕДИТ- ПО РАЃАЊЕ НА ТРЕТО ДЕТЕ ИСТИОТ СЕ ПОНИШТУВА
Бескаматен заем во висина од 10 милиони форинти (речиси 31 илјада евра) предлагаат унгарските власти за семејни двојки. Според условите по раѓањето на трето дете, кредитот се поништува, јавува Euronews.
Според податоците објавени од државните служби, од почетокот на јули 2.400 семејства побарале таков кредит. Согласно новата шема, предвидени се субвенции за автомобил за големи семејства и ослободување од данок врз приходи на жени кои одгледале најмалку четири деца.

