Младите актери од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Крива Паланка ќе гостуваат на уметничкиот фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско
Банско повторно се претвора во сцена на талентот со новото издание на Фестивалот на уметностите „Утринска ѕвезда“. Организатори се Здружението „Арт академија Утринса ѕвезда“, секција CID UNESCO и Општина Банско, форумот ги обединува младите таленти во областа на ликовната, музичката, танчерската и театарската уметност.
Настанот се отвора денеска во Читалище „Н. Ј. Вапцаров“ со програма на делот „Ликовна уметност“, по што ќе следи театарската претстава „The Fun House“ на трупата од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Крива Паланка, РС Македонија, со раководител Габриела Стојановска. Вечерта ќе заврши со фолклорно пеење.
На 27 и 28 ноември ќе се одржат конкурсните програми во одделот „Музика“. Учесниците ќе се претстават со естрадно и популарно пеење во различни возрасни категории, инструментални изведби и класични жанрови.
На 29 ноември фокусот ќе се префрли на танчерската уметност. На сцената ќе се претстават ансамбли со карактерни танци, етно и MTV кореографии, спортски и социјални танци, акробатика и др. Вечерта ќе заврши со наградување на најдобрите музички солисти во ТКЦ „Старото кино“ – Банско.
Паралелно со тоа ќе биде презентирана и конкурсната програма на одделот „Театарска уметност“, во која учество ќе земат театарски групи од Бугарија и Северна Македонија. Публиката ќе ужива во разновидни претстави – од комични етиди до класични драмски остварувања.
Завршниот ден – 30 ноември – е посветен на номинациите и големото доделување на наградите, со што ќе заврши петдневниот фестивал. Организаторите очекуваат силна конкуренција и високо ниво на артистичност од страна на учесниците.
