| |

Мицкоски јавно да го осуди напаѓачот на „Инфомакс“ и да спроведе мерки за санкционирање на говор на омраза и насилство во сопствената партија

Осудата на НОВА РЕПУБЛИКА кон нападот и напаѓачот е недвосмислена, еднакво со поддршката до редакцијата на „Инфомакс“. Нападот е последица на долгогодишното толерирање на говорот на омраза (вклучително на социјалните мрежи), се вели во соопштение на политичката партија Нова република.

Доколку во изминатиот период имаше говор и постапки на омраза по етничка основа, во конкретниот случај мотивот е партиски.

Досегашното несанкционирање доведе до упадот кој треба да ги заплаши политичките противниците на актуелната власт и конкретно на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука, доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се дистанцира од нападот и да обесхрабри политичко насилство, потребно е:

– како партија дисциплински да ги санкционира своите членови кои во своето секојдневие и на социјалните мрежи шират говор на омраза или се закануваат кон неистомислениците;

– практично да поддржи брзо процесуирање и правен епилог на овој и другите случаи на говор на омраза и насилство – како владејачка партија, и

– лично Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги повика своите членови на следење на етичките норми, недвосмислено да се дистанцира од напаѓачот и да го најави и спроведе претходно наведеното.

Се до тогаш партиската мотивираност на нападот останува поврзана со ВМРО-ДПМНЕ и ќе може да се смета за вовед во ескалирање на партиски-мотивираното насилство кое:

– ги загрозува демократскиот процес во Северна Македонија, слободата на говор и на медиумите, и

– ќе се прошири во меѓупартиските и меѓучовечките односи, стои во соопштението на „Нова република“.



Слични Објави