| |

Празнична работилница за сурвачки и новогодишни честитки во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, на 12 декември се одржа празнична работилница за изработка на сурвачки и новогодишни честитки, јавува БКИЦ-Скопје.

Учесници на работилницата беа деца од основното училиште ОУ „Вера Јоциќ“ – Скопје и од БНУ „Здравеј“ – Академија за иновативно образование – Скопје, кои се вклучија во изработката на традиционални сурвачки од дренови гранчиња, украсени со црвени конци, пуканки и сушено овошје.

Во пријатна атмосфера, присутните имаа можност да дознаат повеќе за симболиката на сурвакањето и значењето на секој елемент од украсувањето, додека ги создаваа своите модели како симбол на здравје и среќа.



Слични Објави