| |

Лагард повторно го одбележа воведувањето на еврото во Бугарија преку објава на социјалните мрежи

Уште еднаш, претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, го одбележа воведувањето на единствената европска валута во Бугарија со објава на социјалните мрежи, јавува БНР.

„Чекањето речиси заврши. Ова е историски момент што ќе ја зајакне трговијата, патувањата и финансиската стабилност низ цела Европа“, напиша таа.

За време на својата посета на Бугарија во ноември, Лагард истакна дека нејзиниот 70-ти роденден, кој е на 1 јануари, ќе се совпадне со фактот дека земјата ќе стане 21-та членка на еврозоната.



Слични Објави