ЏАМБАСКИ: ВМРО НЕМА ДА ПОДДРЖИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА ДОДЕКА ДОГОВОРОТ НЕ СЕ СПРОВЕДЕ ЦЕЛОСНО
„ВМРО нема да го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ во Република Северна Македонија, освен ако властите во Скопје не го спроведат Договорот за соседство веднаш и безусловно. Ова не е предмет на коментари, преговори или компромиси. Нема да дозволиме продолжуње на исживувањето со бугарските корени, нема да дозволиме продолжување на исживувањето на македонските граѓани со бугарска етничка припадност, ниту пак непријателскиот јазик на омраза кон Бугарија“, стои во објавата на официјалната facebook страна на бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО, Ангел Џамбаски.
Како пример за таков непријателски јазик на омраза кон Бугарија, Џамбаски ги наведува пишувањата на поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески, кого исто така го нарекува и егзотичен македонистички покемон, кој им е омилен на „историчарите“ од демократска Бугарија.
ВМРО няма да подкрепи започване на преговори за членство в ЕС на Република Северна Македония, ако властта в Скопие не…Posted by Ангел Джамбазки on Среда, 04 ноември 2020
