|

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот кај Москва

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот кај Москва, преку својот канал на Телеграм.

„Борците на Исламската држава нападнаа голем собир на христијани во предградијата на руската престолнина Москва, убивајќи и ранувајќи стотици и предизвикувајќи големо уништување на локацијата пред безбедно да се повлечат во своите бази“, истакнаа тие.

Очевидци сведочеа дека напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва изгледале како да се по потекло „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не руски“, пренесува белоруската телевизија NEXTA, повикувајќи се на руски локални медиумите.

Фотографиите на наводните терористи беа објавени на социјалните мрежи на NEXTA.



Слични Објави