ТВ 24: БУГАРСКИОТ МЕМОРАНДУМ ГО НЕМА ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ЗА МАКЕДОНИЈА
Бугарскиот Меморандум го нема во последната верзија на преговарачката рамка која ќе ја дискутираат ЕУ амбасадорите во Брисел. Во документот во кој тв 24 имаше увид, а кој ќе се разгледува на состанокот на КОРЕПЕР телото во ЕУ, се бараат само успешни резултати од спроведување на билатералните договори со Грција и Бугарија, како што стоеше и во првичната верзија на ЕК.
„Процесот на стабилизација и асоцијација, останува заедничка рамка за односите со Западен Балкан до нивното пристапување, а особено со заложба на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка. Тука е и важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори со добра волја, вклучително Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија.“
Изворите на ТВ 24 велат уште дека според нив македонско-бугарскиот спор најверојатно ќе се решава билатерално, преку одредена декларација или анекс.

