| |

Бугарката Албена Данаилова ќе биде концертмајстор на новогодишниот концерт на Виенската филхармонија

Бугарката Албена Данаилова ќе биде концертмајстор на оркестарот на традиционалниот концерт на Виенската филхармонија на 1 јануари претпладне. Новогодишниот концерт, кој се пренесува во над 150 земји од Златната сала на Музикферајн, одамна се претвори во симбол на убавина, надеж и оптимизам за една подобра Нова година.

Данаилова, ќе ги изведе музичарите на прочуената сцена заедно со својот колега Рајнер Хонек пренесува блогот на Бугарите во Австрија Melange Bulgaren.

Откако во 2008 година Албена Данаилова победи на конкурс, таа стана првата жена концертмајстор на прочуениот по својот конзервативизам оркестар. Неодамна таа беше одликувана со престижното државно признание на Австрија – Австрискиот почесен крст за наука и уметност. Наградата се доделува во името на претседателот на Република Австрија, Александер ван дер Белен, и се доделува за исклучителни заслуги кон културата на земјата.

Слични Објави