Кристалина Георгиева за еврото: Бугарија ќе придонесе за обликувањето на иднината на Европа
Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, го оцени влегувањето на Бугарија во еврозоната како важен и длабоко личен момент, јавува БТА.
„Денес (01.01.2026 г.)Бугарија се приклучува кон еврото – важен момент што е длабоко личен“, напиша таа на своите профили на социјалните мрежи LinkedIn и Facebook. Таа потсети и на „тешкиот премин од комунизмот, хиперинфлацијата што ги уништи заштедите на мајка ми и кризите низ кои поминавме заедно“.
Во објавата, Георгиева истакнува дека овој пат барал „храброст, реформи и вера во европските вредности“.
„Сега Бугарија не само што ќе ги пожнее економските придобивки, туку и ќе придонесе кон обликувањето на иднината на Европа“, нагласува Кристалина Георгиева. Таа додава во заклучокот дека „лекциите – правна транспарентност, доследна политика и јавна доверба – се важни за секоја нација што бара стабилност во еден свет што се менува“.

