| |

Симболичен потег до степен на празнина!

Тони Коцев

Муцунски ( министерот за надворешни ) по консултација со Мицкоски ( премиер ) испратил понуда за прифаќање на повредени пациенти од пожарот во ноќниот клуб во Швајцарија . На прв впечаток , потег за гордост на секој граганин на Македонија. Фактичка состојба : Пожарот избувнал околу 1:30 часот . Околу 1: 45 часот доаѓаат првите пожарни и амбулатни возила . До 2 и 15 часот веќе се присутни и хелихоптери. Евакуацијата на повредените завршува до 5 и 30 часот . Сите се сместени низ болниците на Швајцарија.

Македонија нема функционален центар за тешки изгореници , нема инфраструктура. Швајцарија има неколку . Тука да споменам само : околу 40 амбулантни возила пристигнале на местото на настанот , пожарни нешто помалку и околу 8-10 хелихоптери за евакуација на повредени .

Заклучок : Понудата од наша страна е само ПР на нашата влада за пред домашната јавност , демек еве подготвени сме да и помогнеме на Швајцарија . Понудата е испратена откако сите повредени во рок не подолг од 3 – 4 часа се сместени во болниците . Имајки го во предвид нашиот капацитет , понудата изгледа лицемерно. Држава која не може самата да се справи со вакви пациенти , нуди помош на Швајцарија. Симболичен потег до степен на празнина !



Слични Објави