Бугарија меѓу најдостапните европски дестинации за пензионери
Бугарија е на врвот на листата на најдостапни европски земји за пензионери, пишува Investopedia, истакнувајќи ги ниските трошоци за живот во споредба со Западна Европа и привлечната локација на брегот на Црното Море, пренесува БГНЕС.
Главниот град Софија нуди „архитектонски чуда и извонредни катедрали“, а објекти под заштита на УНЕСКО се наоѓаат низ целата земја. Пензионерите особено ги привлекуваат пешачките крајбрежни градови како Созопол и Варна, каде „секојдневните обврски лесно се завршуваат пеш“, а кафулињата се распоредени долж брегот.
Англискиот јазик е широко распространет во големите градови, а емигрантската заедница е добро развиена, особено по Црноморскиот брег. Четирите изразени сезони – топли лета, благи пролет и есен и снежни планински зими – нудат „разновидност без екстреми“.
Здравствената заштита е целосно покриена за бугарските граѓани, додека емигрантите што докажуваат престој во земјата можат да добијат медицински услуги по пониски цени од оние во САД.
Американците кои сакаат да се населат мора прво да добијат виза Д, со доказ за здравствено осигурување, полициско уверение и обезбедено живеалиште во Бугарија.
Во текстот се потсетува и дека Бугарија се приклучи на Шенген во јануари 2025 година и го воведе еврото во 2026 година, што дополнително ги олеснува патувањата и финансиските трансакции за Американците.

