| |

Средба Колев-Гаши: Потребна е европска перспектива за Македонија

Денеска претседателот на ГДУ Петар Колев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на средба разговарале за потребата од кохезија и јасни чекори кон реализација на стратешките цели на Македонија кои се заеднички и за двете партии.

„Денеска се сретнав со претседателот на Алтернатива, г.Африм Гаши. Разговаравме за предизвиците пред нашето општество, потребата од кохезија и јасни чекори кон реализација на стратешките цели на Македонија кои се заеднички и за двете партии. Предизвиците во Европа и воениот конфликт во Украина, се уште една потврда за потребата од ефективна и конкретна европска интеграција и перспектива за Македонија. Впрочем, овие приоритети се консензуално одобрени од пошироката јавност во земјава.Се радувам на перспективата за соработка со Алтернатива, верувам дека имаме што да понудиме!“, напиша на својот facebook профил Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.



Слични Објави