Откажана руска претстава која требаше вечерва да се одржи во Скопје
Концертот на Руски романси, најавен за вечерва во фоајето на НОБ, во договор со организаторот се одложува, соопшти Министерството за култура.
-Последните вести од Украина го загрижуваат целото човештво. За никого ова не е време за романси. И уметноста е порака, затоа никој не смее да дозволи таа да биде извалкана. Убавите романси нека останат за подобри времиња, времиња во кои повторно ќе владее мирот, нема да има жртви и никој нема да се чувствува загрозен или под закана, велат од Министерството за култура.
Извор: Zoom. mk
