| | |

(Видео) Претставници на граѓански здруженија поднесоа цвеќе и оддадоа почит кон ликот и делото на Мара Бунева во Скопје

Во Скопје денеска беше одбележана 98-та годишнина од херојскиот подвиг на македонската Бугарка Мара Бунева, која на 13-ти јануари 1928 година му пресудува на српскиот обвинител Велимир Прелиќ на кејот кај Камениот мост во Скопје.

Група граѓани, претставници на здруженијата ,,Наследство” и ,,Дело” во мирна атмосфера поднесоа цвеќе пред спомен плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во Скопје.

,, Сакавме во мирна атмосфера на достоинствен начин да ја изразиме нашата почит кон ликот и делото на големата револуционерка и хероина Мара Бунева”, изјави за нашиот портал претставник на едно од здруженијата.

Слични Објави