| |

Бугарската кинематографија го прославува својот професионален празник

Денес, 13 јануари, на датумот на првата јавна проекција на филмот на легендарниот пионер на бугарското кино Васил Гендов „Б’лгаран е галант“, бугарската филмска заедница го одбележува својот професионален празник, јавува БГНЕС.

Првиот бугарски игран филм ги раскажува љубовните неволји на бонвиванот Б’лгаран, Васил Гендов е сценарист и изведувач на главната улога. Негова партнерка е Мара Липина. Снимателот Гаетано го снима филмот за шест дена пред куќата на претприемачот Димитар С’селов на улицата „Славјанска“ бр. 9 во Софија. Пред оваа куќа за првпат е поставена филмска камера за бугарски игран филм. Камерата е од системот „Пате“ и е купена oд Будимпешта.

Самиот филм не е зачуван на филмска лента до денес. Се смета дека е изгубен во 1940-тите години на XX век за време на бомбардирањата на Софија во Втората светска војна, а од него се сочувани само 1–2 кадри.

По повод Денот на бугарското кино, денес од 17:30 часот во Домот на киното во Софија ќе биде отворена изложбата „10 години – 100 филма. Графички цртежи на Ева Тенева-Зајков“. Настанот ја одбележува 10-годишнината на Бугарското кино-друштво со 100 графички цртежи од уметницата Ева Тенева-Зајков, како илустрации за новиот зборник со филмска критика – „10 години – 100 филма“.

Слични Објави