Сообраќајка кај Слатино, двајца возачи тешко повредени
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај село Слатино, соопштија од СВР Тетово.
Несреќата била пријавена на 23 јануари 2026 година во 11:20 часот, а во неа учествувале две патнички возила мерцедес со тетовски регистарски ознаки, управувани од А.И. (33) од село Доброште и А.Х. (36) од село Нераште, и двајцата од тетовско.
Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил и сопатникот Б.А. (26) од село Нераште, тетовско. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Текстот Сообраќајка кај Слатино, двајца возачи тешко повредени е превземен од МАКФАКС.
