| |

Бугарија ја доби личната архива на кнезот Александар I Батенберг-првиот владетел на Кнежеството Бугарија

Михаел Грјолер, недиректен наследник на родот Батенберг, ја донираше на Бугарија личната архива на кнезот Александар I Батенберг на свеченост во Бугарскиот културен институт „Дом Витгенштајн“ во Виена. Од бугарска страна документите ги прими претседателот на Државната агенција „Архиви“, д-р Михаил Груев.

Архивот содржи родови албуми, детски и младински фотографии на кнезот, како и документи и предмети од периодот кога стоел на чело на новоослободената бугарска држава и од подоцнежните години, поврзани со неговите односи со Бугарија.

Меѓу вредните експонати се неговиот личен печат, јубилејна плакета со метална инкрустација на неговиот потпис и двостран монограм со неговиот лик и грбот на Кнежеството Бугарија со натпис од 1885–1886 година.

Донацијата вклучува и лични писма и официјални документи од крајот на XIX век, поврзани со Петар Славков, Стефан Стамболов и указ на цар Фердинанд за доделување пензија на поранешниот кнез. Меѓу фотодокументите има и фотографии од учеството на Александар I во Руско-турската војна и од бугарското ополчение.

На церемонијата присуствуваше и бугарската амбасадорка во Австрија, Десислава Најденова. Архивот опфаќа вкупно 44 документи и предмети, соопшти БТА.



Слични Објави