| |

ТРГНУВАМЕ НА ИЛИНДЕНСКИ МАРШ

Денес во 17:00 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром тргнува „Илинденскиот марш 2018“, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево, каде учесниците треба да ѝ се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Општина  Аеродром традиционално е покровител на овој Коњички марш, а во нејзино име градоначалникот Златко Марин, на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме, со што официјално ќе отпочне јубилејниот 40-ти коњички марш во организација на  Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Дваесеттина коњаници на возраст од 18 до 65 години, меѓу кои годинава и Илинденките Драгана Каловска и Елена Мишева, придружувани од игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината. Во 19:00 часот коњаницата ќе пристигне во црквата и тука почнува вечерната програма. Коњаниците од Горно Лисиче, свечено ќе бидат испратени со свечена литургија во црквата „Св. Петар и Павле“ проследена со свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.

Во рамките на настанот, општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“ во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција од 17:30 до 20:00 часот.

Доколку сакате да учествувате или да контактирате со организаторите за повеќе информации, посетете ја Фејсбук страната на настанот. Тргнуваме!

 



Слични Објави