НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДИК ДЕНЕС БЕЗ СВЕЧЕНИ ИЗЈАВИ
За денешната седница на Собранието на РМ беше закажано давање свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК), но собраниската прес-служба излезе со соопштение во кое се наведува дека чинот е одложен без при тоа да наведе причина за тоа.
Средата вечерта, со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница беше избран привремениот шестмесечен состав на ДИК, по договорот што го постигнаа политичките партии и лидерите на средбата во понеделникот.
Членови на највисокото изборно тело во државата се: Оливер Дерковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ во својство на Претседател на ДИК, Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател, Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса се
Со формирањето на ДИК се создадоа услови за организирање на најавениот есенски референдум за името.