| |

Google го поддржа INSAIT при Софискиот универзитет со награда од 500.000 долари за развој на вештачката интелигенција

Светскиот технолошки лидер Google го поддржа Институтот INSAIT при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ со награда во износ од 500.000 американски долари, јавува БГНЕС.

Признанието се доделува за постигнатите високи резултати во развојот на вештачката интелигенција на национално и меѓународно ниво. Средствата ќе придонесат за нови истражувања и разработки во оваа област од светско значење, соопштуваат од Институтот.

Финансирањето ќе им овозможи дополнителни можности на истражувачите во INSAIT да работат на клучни проекти во стратешки насоки како што се компјутерскиот вид, роботиката, машинското учење и други, насочени кон создавање технологии со глобално значење.

Наградата го зацврстува долгорочното партнерство меѓу INSAIT и Google и ја поддржува мисијата на Институтот да спроведува научни истражувања на светско ниво во Бугарија, утврдувајќи ја земјата како важен центар за развој на вештачката интелигенција и високите технологии во регионот, Европа и светот.

Слични Објави