Маратонски преговори меѓу Димитров – Нимиц – Коѕијас
Во Виена веќе пет часа се одвиваат преговорите меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Гриција за надминување на спорот за името, со посредништво на Метју Нимиц. На средбата која започна утрово околу 10 часот и синоќа и претходеше тет-а-тет средба меѓу двајцата министри. Но ниту една од страните не даде никакви информции за тоа што било разговарано вчера, ниту како течат денеска преговорите. Средбата Димитров – Коѕијас – Нимиц се држеше во голема тајност до самото одржување.
Најпроблематичната точка во врска со името останува опсегот на употреба. За разлика од Грција, македонската страна е подготвена тоа да биде само за меѓународна употреба. Освен за ова, македонската влада не се согласува и со барањето за промена на Уставот, бидејќи двата члена во него што Грција ги сметаше за иредентистички, уште во 1992 година се измените со амандмани.
Очекувањата и на двете страни се спорот за името да се реши до март, но засега ниту македонската ниту грчката страна не знаат како.
