Во Барселона започнува првиот универзитетски курс по бугарски јазик
Првите часови од универзитетскиот курс по бугарски јазик на Универзитетот во Барселона ќе бидат организирани денес, 24 февруари. Ова го соопштија од Генералниот конзулат на Бугарија во Барселона, Шпанија, преку објава на својата Фејсбук страница, пренесува БТА.
Курсот е на јазично ниво А1 и е достапен како за студентите на универзитетот, така и за надворешни учесници.
„Ова е одлична можност за сите што сакаат да ги направат првите чекори во изучувањето на бугарскиот јазик и да се запознаат со бугарската култура“, истакнаа од тимот на бугарскиот конзулат.
Во објавата е наведено дека ова е првиот ваков курс по бугарски јазик организиран на универзитетско ниво во Барселона, а наставата ќе трае до 21 мај 2026 година.

