| |

Бугарскиот премиер Андреј Ѓуров учествуваше на видеоконференција на „Коалицијата на подготвените“

Бугарскиот премиер Андреј Ѓуров учествуваше на видеоконференциска средба на лидерите од „Коалицијата на подготвените“. Ова е прво учество на новиот бугарски премиер во овој формат, чии домаќини денес беа британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон.

Премиерот Ѓуров ја потврди категоричната позиција на бугарската влада за доследна и силна поддршка за Украина. Исто така ја нагласи потребата од стабилни и долгорочни безбедносни гаранции. Според бугарскиот премиер, придонесот на Европската унија треба да биде добро координиран со трансатлантските партнери, со цел да се обезбеди одржлив и праведен мир, заснован врз меѓународното право и одбраната на суверенитетот на Украина.

Учесниците на средбата изразија цврста и единствена поддршка за Украина. Посебен акцент беше ставен врз поддршката за обновата и зајакнувањето на енергетската инфраструктура на земјата, која се наоѓа во тешка состојба по нападите.

Во рамки на средбата беше одбележана четвртата година од незаконската целосна инвазија на Русија врз Украина. Во таа насока, денес во 19 часот дел од зградата на бугарската Влада ќе биде осветлена со боите украинското знаме, во знак на солидарност со украинскиот народ.



Слични Објави