Димитар Бербатов му станува советник за младинa и спорт на бугарскиот премиер
Еден од најуспешните бугарски фудбалери Димитар Бербатов е назначен за советник на премиерот Андреј Ѓуров за прашања од сферата на младината и спортот. Тој ќе учествува во изработка и спроведување политики поврзани со спортот, активниот начин на живот и развојот на младите, јавува бугарската Влада.
Бербатов изјави дека функцијата ја прифаќа без надомест со цел да придонесе за долгорочна политика во секторот. Како прв чекор започнува иницијатива за дијалог со спортските федерации преку стратешка анкета за состојбата во спортот и развојот на младинските категории, по што ќе следи стручна анализа.
Според него, спортот треба да биде национална стратегија, а премиерот нагласи дека спортот придонесува за здравјето и карактерот на луѓето, а исто така и за силно општество.
