Тажна вест! Почина Георги Велинов-легендарен голман на софиски ЦСКА и на фудбалската репрезентација на Бугарија
На 68-годишна возраст почина легендарниот голман на бугарскиот фудбалски клуб ЦСКА и на фудбалската репрезентација на Бугарија, Георги Велинов, јавуваат бугарските медиуми.
Во последните недели Џони, како што го нарекуваа навивачите, беше во тешка состојба во ВМА-Софија. Со години миленикот на навивачите на „армејците“ се бореше со онколошко заболување на вилицата, а претходно беше опериран во Турција.
Велинов е шесткратен шампион на Бугарија со „црвените“ и четирикратен освојувач на Купот на државата. Во 1981 година е прогласен за Фудбалер бр 1 на Бугарија. Тој е дел од големиот тим на ЦСКА кој стигна до полуфиналето на Купот на европските прваци во 1982 година.

