СПАСОВСКИ: СЕКОЈ ШТО Е ИНВОЛВИРАН ВО „РЕКЕТ“ ТРЕБА ДА БИДЕ ИЗВЕДЕН ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА
„Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците“- изјави денеска министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски.
„Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата“, додава Спасовски
