| |

Бугарија со највисок раст на реалните плати во Европа меѓу 2020 и 2025 година

Растот на реалните плати во Бугарија достигнал 37,4% во периодот 2020–2025, што ја става земјата на прво место во Европската унија по овој показател, според податоци на Евростат обработени од Евроњуз, пренесува БГНЕС.

Во истиот период, просечната бруто часова плата во ЕУ пораснала од 21,5 на 26,2 евра (+21,9%), но инфлацијата од 25,6% довела до реален пад на платите од околу 3% на ниво на Унијата.

По Бугарија следуваат Србија (25,4%), Хрватска (21,1%) и Литванија (21,1%). Реален раст меѓу 15% и 20% бележат и Романија, Унгарија и Полска. Во еврозоната најголем раст имаат Словенија, Латвија и Грција.

Во 12 од 30 европски земји реалните плати се намалиле, вклучително и во четирите најголеми економии на ЕУ: Италија (-9,2%), Шпанија (-5,9%), Германија (-3,2%) и Франција (-3,3%).

Иако бележи најбрз раст, Бугарија останува со најниска плата по час во 2025 година – 10,5 евра, додека највисока е во Луксембург – 49,7 евра.

Податоците покажуваат дека повисокиот номинален раст во Источна Европа често е проследен со повисока инфлација, што го ограничува реалното зголемување на куповната моќ.

Слични Објави