| |

Јотова: Новиот состав на бугарскиот парламент ќе биде свикан на 30 април

Новиот парламентарен состав на бугарското Народно собрание ќе биде свикан на 30 април во 10 часот, ова го соопшти бугарската претседателка Илијана Јотова, пренесува БГНЕС.

Веднаш по тоа ќе започне постапката за формирање влада. „Ќе се движиме според уставните одредби“, изјави Јотова, додавајќи дека ќе се земат предвид мајските празници.

„Убедена сум дека ќе видиме нов, сосема поинаков парламент“, рече таа, нагласувајќи дека очекува „храбри и брзи решенија“.

Според претседателката, првите задачи се поврзани со усвојувањето на буџетот за 2026 година.



Слични Објави