| |

НА СТАРИ ГОДИНИ ВИ ТЕКНА ДА СТАНЕТЕ ПАТРИОТИ

Можам сите да ги разберам кои од патриотски порив изразуваат загриженост од идниот референдум, прашањето околу името, иднината на нацијата. Но не можам да разберам тоа да го праи Левица, Димче и слични на него кои до вчера павтаа со црни а-национални знамиња, патриотите ги сметаа за лудаци и се потсмеваа на славењето на историски настани, ликови. Некои па дури и на 65 години станаа големи патриоти. Ставија нацистички симболи на знамињата на новите им партии. А за Левица е јасно. Тие априори се против влез во НАТО дури и под уставно име, па не ја гледам потребата сега со своите дејства да манипулираат со луѓе кои поимот патриотизам го имаат во мал прст. Димче црно знаме ли дојде време нив да им објаснува што е патриотизам? Лесно е да се расфрлаш со закони од Уставно право и тоа да го измиксаш со зборови на патриотизам. Бучкуруш плус на сите останати бучкуруши што ги имаме ококу нас. Димче може да биде горд. Стигна Мирка,, ВМРО” вката да го фали по колумни. Десната рака на Бранко и окорела титова герилка. Димче стаса да го фалат оние кои го плукаа за шарањето на спомениците на револуционерите низ Скопје. Е затоа нема вистински патриотизам во државата. Затоа што на кој како ќе му текне го користи за себепромовирање и без долгорочен ефект по останатите. Димче може да продава приказни за тоа колку е светот суров, колку глобализацијата е штетна и толку. На анархистичките црни знамиња не се лепи национална боја. Куќата не се гради од кровот а вештиот манипулатор после оваа претстава, пак ќе се врати во својата кожа и ќе продава приказни колку националните теми се шупливи и празни. Класични фолиранти, манипулатори и популисти кои сега се поклонуваат на аплаузите на оние до кои вчера ги плукаа. Видов многу до сега. Фалеше уште овој дел од карикатура мозаикот, ЛЕВИЦА да продава патриотизам. Алал ви вера,, комити”. 

Автор: Кристијан Мицкоски

Слични Објави