Мерц се обидува да ги смири тензиите со Трамп: „Сè уште сме во добри односи“
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека односите со американскиот претседател Доналд Трамп остануваат добри и покрај јавната расправија околу војната со Иран, пренесува Политико.
„Мојот личен однос со американскиот претседател останува добар како и секогаш. И понатаму сме во добри односи“, рече Мерц.
Неговата изјава следува откако Трамп јавно го нападна, тврдејќи дека германскиот канцелар „не знае за што зборува“ по неговите коментари за конфликтот со Иран.
Мерц претходно изјави дека Германија и Европа трпат сериозни последици од конфликтот, особено поради затворањето на Ормутскиот теснец и растот на енергетските трошоци.
Германија во меѓувреме ги одбила американските повици за директно воено учество, нагласувајќи дека конфликтот „не е војна на НАТО“.
