ВУЧИЌ НА ПИНК НАЈАВИ ТЕЖОК ПЕРИОД ЗА СРБИЈА И ПОВТОРНО СЕ ПОЖАЛИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за неговата омилена ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на неговата посета на САД и состаноците поврзани со Косово и Метохија. Вучиќ е дециден дека секој разговор со американски официјални претставници е важен затоа што пред Србија „не е лесна есен, ниту пак едноставна зима“.
Според српскиот претседател, опозицијата не разбира што се случува во Србија и додава дека основната цел на нејзините водачи е да го нервираат, а за самиот него најважен бил просперитетот на Србија.
