|

(Видео) „За Мицкоски тепање жена е ‘мал престап’ – срамна заштита на насилството врз жените и на Тошковски“, вели Ангелковска

„Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е „мал престап и системот функционира“ е скандалозна, опасна и недозволива. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се „мал престап“. Поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата. Наместо јасна осуда, Мицкоски избра да го минимизира делото и практично да застане во заштита на насилникот но и на Панче Тошковски“, рече Розалија Ангелковска – Форум на жени на СДСМ.

„Со вакви ставови, Мицкоски испраќа порака дека блиските луѓе на власта се привилегирани и заштитени, дури и кога вршат тешки кривични дела.

Во исто време, ова е и отворена политичка заштита за министерот Панче Тошковски – министерот за заштита на криминал и корупцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Додека Тошковски зборува за „безбедност“, Македонија тоне во насилство, криминал и скандали.

Семејното насилство е на секој чекор, а често завршува трагично и покрај бројни пријави кои институциите ги игнорираат. Млада жена и дете беа убиени и покрај 12 пријави за насилство. МВР било слепо и глуво.

Во Велес, насилник уби жена и нејзиниот татко. Во Старо Нагоричане, сериски убиец убиваше жени со години додека институциите не реагирале. Во Кочани згаснаа 63 животи, а до денес нема вистинска одговорност.

Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола, одговорност нема. Еден бодигард на Мицкоски завршува во притвор за брутално семејно насилство, другиот на судење за оддавање службена тајна.

Бројни случаи на врсничко насилство и тепачки меѓу деца секојдневно ја потресуваат јавноста, последниот пример во Ѓорче Петров. Македонија стана држава во која насилството е нормализирано, а одговорност нема.

По сите овие скандали, по целосниот распад на безбедносниот систем и по срамната изјава на Мицкоски, Панче Тошковски нема никаков кредибилитет да остане министер“, изјави Розалија Ангелковска – Форум на жени на СДСМ.

Слични Објави