| |

Џиро д’Италија 2026 стартува од Бугарија со три етапи

Во петок, на 8 мај, започнува 109-то издание на Џиро д’Италија, кое годинава за првпат ќе стартува од Бугарија. Првите три етапи од трката ќе се одржат на бугарска територија – од Несебар до Бургас, од Бургас до Велико Трново и од Пловдив до Софија, јавува БГНЕС.

Првата етапа долга 147 километри стартува од Несебар, втората од 221 километар ќе заврши во Велико Трново, а третата, долга 175 километри, ќе финишира во Софија. Последната, 21. етапа, е закажана за 31 мај во Рим.

Министерот за млади и спорт Димитар Илиев изјави дека „спортот, туризмот и имиџот на Бугарија добиваат од овој настан“ и го спореди домаќинството со „настан од големината на Формула 1 или Moto GP“.

Поранешниот бугарски велосипедист Ивајло Габровски изрази надеж дека Бугарија повторно ќе има претставник на Џирото. „Сосема е можно да има Бугарин, само треба да се работи со младите момчиња“, изјави тој.



Слични Објави