|

Филипче му честита на Радев: Со почитување на нашиот идентитет, можеме да ги надминеме сите отворени прашања

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита победата на Румен Радев за премиер на Бугарија. Тој изрази очекување дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија.

„СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Македонија е цврсто определена за европска иднина. Единствениот пат е патот на ЕУ интеграциите. За жал, во Македонија постои криминална група, предводена од Христијан Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем“, напиша Филипче на социјалната мрежа Икс.

Веруваме дека преку конструктивен дијалог, додава тој, без прекршување на црвените линии, со почитување на нашиот национален идентитет и на европските принципи, можеме да ги надминеме сите отворени прашања и да го забрзаме европскиот пат на целиот регион.

„Добрососедските односи се најголем приоритет за заеднички соживот во големoтo европско семејство. Да работиме заедно на подобра иднина и повисок животен стандард на нашите граѓани, со сите членки на Европската Унија“, напиша Филипче.

Слични Објави