ЏОНСОН ОДБИ ДА ДАДЕ ОВЛАСТУВАЊА НА ШКОТСКА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТ

Британскиот премиер Борис Џонсон испрати писмен одговор до првиот министер на Шкотска, Николас Старџен. Во писмениот одговор Џонсон го одбива барањето на Старџен, за нов референдум за независност на Шкотска, јавува ТАСС.

Како што се вели во писмото на Џонсон референдумот не може да се одржи без согласност на владата на Велика Британија.

Николас Старџен во декември, побара од Лондон да пренесе овластувања на шкотската влада, што може да го отвори патот за нов референдум за независност.

„Не можам да се согласам со барање за трансфер на моќ што може да доведе до понатамошни референдуми за независност“, напиша Џонсон во писмото што го објави на Твитер.