(Видео) Неделна анализа: Преку антиалбанската реторика Мицкоски ја докажува лојалноста кон Вучиќ
Насер Селмани
Премиерот Мицкоски минатата недела даде интересна изјава во врска со службената употреба на албанскиот јазик, која сaмo на прв поглед делува контрадикторно. Најпрво рече дека нема ништо против употребата на албанскиот јазик, а потоа додаде дека никогаш нема да прифати албанскиот јазик да се употребува во судството.
Постои политичка логика во тоа премиерот да не го оспорува албанскиот јазик. И нема причина да му пречи јазикот. Не се коси со уставот и законот, а допопнително тој јазик го зборуваат една четвртина од неговите сограѓани. Тоа е и во интерес на државата што ја води, а би требало да биде и во интерес на неговата влада, бидејќи така се зајакнува внатрешната кохезија на општеството.
Но и неговиот исклучив став против употребата на албанскиот јазик во судството има политичка логика. Таквата порака му е потребна за да ги увери своите сојузници во Белград дека не остапува од заедничката политичка матрица, која е антиалбанска. Само така Вучиќ може да биде уверен дека Мицкоски ја следи стриктно српската политичка матрица во регионот.
Логиката е едноставна: само преку длабоки и трајни поделби меѓу Македонците и Албанците може да се одржува српското влијание во Северна Македонија. Без наративот за вечното непријателство меѓу Македонците и Албанците, српското влијание во земјата нема да има причина да постои.
